Денес, корисниците не бараат веб решенијата само да ги задоволат нивните потреби во поглед на функционалност и ефикасност, туку многу важно им е истите да им понудат визуелно задоволство при интеракција со сервисите.
Понекогаш корисниците со своите очекувања одат толку далеку што целото доживување околу некој бренд го сведуваат врз впечатокот што го добиле од официјална веб страница (или апликација) на компанијата.


Дизајн и развој на веб страници

Веб страницата денес претставува интегрален дел од било која организација/компанија. Добро дизајнирана информативна веб страница е неопходен медиум преку кој можете да допрете до голем број на корисници во краток временски рок, информираќи ги потенцијалните клиенти за вашиот бизнис. Вашето веб претставување го гради имиџот на вашата компанија.

Нудиме свеж и модерен дизајн, едноставен и функционален кориснички интерфејс и лесна навигација низ содржините на веб страницата. Ваквиот пристап во развојот на веб решенија овозможува ефективна комуникација помеѓу вашиот бизнис и клиентите, нудејќи им уникатно искуство при интеракцијата. Доверете ни ја довербата нам за заедно да ја преточиме вашата идеја во успешна бизнис приказна.


Веб страници базирани на бази на податоци

Идниот напредок на вашиот бизнис се заснова на моментален пристап до информациите, од било која локација, во било кое време. Дали сеуште трошите премногу време и материјални средства за ажурирање на информациите на вашата веб страница?

Веб страницте базирани на бази на податоци ви овозможуваат централизирано менаџирање и раководење со содржините на вашата веб страница во било кое време и од било кое место. Менаџирањето на веб страницата се одвива преку лесен и едноставен за употреба административен контролен панел кој ја отстранува потребата од ангажирање на дополнителен технички кадар. Со користење на ваков систем за менаџирање информацијата навремено ќе стигне до вашите клиенти заштедувајќи ви време и пари.


Прилагодени веб софтверски решенија

Со рапидниот напредок на Интернетот и лесниот пристап забележлив е трендот на премин од стандардните desktop софтверски решенија кон веб ориентирани решенија кои се лесни за одржување и надградба. Бидете во чекор со времето и преточете ги вашите бизнис процеси во ефикасно софтверско решение.

IF Creative изработува веб софтверски решенија според вашите потреби со цел развој на бизнис процесите специфични за вашата компанија, нивно автоматизирање и централизирање, лесен пристап и споделување на информациите, подобра организираност и заштеда на време и пари.