Поседувањето на добро развиена веб страница само по себе некогаш не е доволно.
Доколку вашата веб страница не привлекува доволно посетители и не нуди соодветна интеракција со корисниците, време е нешто да превземете.
Нашите основани стратегии за интернет маркетинг ќе ја зајакнат вашата позиција на глобалниот пазар и ќе ви донесат зголемување на профитот и поголем број на клиенти.


Маркетинг на Google

Google денес е најголемиот пребарувач на светот со повеќе од 2 милиони пребарувања во минута и со ненадминлив број на корисници. Според најновите студии направени, кога некој пребарува на Google, дури 53% од корисниците го посетуваат првиот резултат од пребарувањето, вториот резултат е посетен од 15% од корисниците, третиот од 9%, четвртиот од 6% и само 4% го посетуваат петтиот резултат. Успешното рекламирање на Google започнува со анализа и дефинирање на клучните зборови кои се тесно поврзани со вашиот бизнис. Вашата страница ќе биде прикажана кога корисникот пребарува некој термин или посетува релевантна страна која се поклопува со клучните зборови. Бидете и вие дел од оние кои се прикажуваат на врвот! ИФ Креатива ви нуди целосен извештај за бројот на посети добиени од рекламирањето, анализа и стратегии за подобрување на идните рекламни кампањи.
Проверете дали вие сте помеѓу првите пет резултати при пребарување на производ или производна група специфична за вашата компанија.


Маркетинг на социјални медиуми

Денес социјалните медиуми претставуваат најголемиот маркетинг пазар кој годишно генерира неколку пати повеќе приходи од приходите на сите традиционални медиуми заедно. Креирањето на социјаллни групи, фанови и следбеници се покажа како ефикасен начин за акумулирање на потенцијални клиенти кои подоцна носат зголемена популарност и профит. Овие мрежи нудат таргетирано рекламирање во однос на пол, години, локација, интереси и др. Преку ваквиот начин на рекламирање вашата реклама допира до вистинските корисници што ви овозможува поголем поврат на инвестицијата (ROI).


E-mail маркетинг

Преку e-mail маркетинг значително можете да ја унапредите и зголемите продажбата на производи или услуги. Ги нудиме следниве начини на e-mail маркетинг:

  • e-mail новости (newsletter)
  • промоција на попусти, купони, производи и услуги
  • персонална e-mail покана за компаниски потреби

"Landing" страница

Landing page претставува специјално дизајнирана страница за презентација и промоција на производ, услуга или настан. Ваквите веб страници, за разлика од стандардните, не се оптоварени со сите информации за вашата компанија и се карактеризираат со уникатен и впечатлив дизајн и се фокусираат директно на однапред определена кампања. Landing страницата ви нуди зголемена интеракција со стекнатите, како и со потенцијалните клиенти.